ПРОЕКТ ОТПАДНИ ВОДИ

ПРОЕКТ ОТПАДНИ ВОДИ

СЕКТОР МЕНАЏМЕНТ

ИЗВЕСТУВАЊЕ

26.10.2022   ИЗВЕСТУВАЊЕ

Заради дефект на водоснабдителната мрежа, корисниците  на дел од улицата Гоце Делчев и дел од улицата Маршал Тито

( поранешна ВМРО) ќе останат без водоснабдување до отстранување на дефектот.

Ви благодариме за разбирањето!

КЈП Водовод Кочани

marsal 1    marsal2   marsal3

 ****  

26.10.2022   ИЗВЕСТУВАЊЕ

Заради дефект на водоснабдителната мрежа, корисниците од Усова Чешма, Трајаново Трло и Ромско маало 

ќе останат без водоснабдување до 13:00ч.

Ви благодариме за разбирањето!

КЈП Водовод Кочани

 ****  


 

18.10.2022   ИЗВЕСТУВАЊЕ

Заради дефект на водоснабдителната мрежа, корисниците од јужниот дел од с.Грдовци на излезот кон с. Зрновци 

ќе останат без водоснабдување до утре 19.10.2022 (Среда) до 12:00ч.

Ви благодариме за разбирањето!

КЈП Водовод Кочани

 **** 

12.10.2022

И З В Е С Т У В А Њ Е

Се известуваат сите заинтересирани лица кои сакаат да закупат простор за користење на градскиот

панаѓур кој ќе се одржи во периодот од 20.10.2022 год. до 23.10.2022 година, за информации да се

јават кај правното лице ЛУНА 22 БЕТИ ЗДРАВКО ДИМОВА ЗАНАЕТЧИЈА БИТОЛА на тел:

075-207-170 - Панде

077-623-852 - Борис                                      КЈП ВОДОВОД - КОЧАНИ

 ****

10.10.2022 ИЗВЕСТУВАЊЕ

Во согласност со одобрението бр.03-1885/2 од 27.09.2022 год. (наш бр. 03-309/2 од 27.09.2022 год.) издадено од Општина Кочаниза користење на простор за

организирање на панаѓур во Кочани и одлука бр. 02-319/5 од 10.10.2022 год., донесена од Управниот одбор на КЈП Водовод Кочани, за утврдување почетна

цена за јавно наддавање за организирање на традиционалниот Кочански панаѓур во 2022 год., Комисијата за спроведување на постапката за јавно наддавање

, формирана со одлука бр.02-319/4 од 29.09.2022 год. од страна на Управниот одбор, објавува

О Г Л А С

за организирање на традиционалниот Кочански панаѓур по пат на јавно наддавање

  1. Традиционалниот Кочански панаѓур ќе се одржи во Кочани на КП бр.15493/1 и КП бр.15493/2, на дел од ул.„Скопска“ што граничи со КП бр.15493/2 и
  2. дел од ул.„4-та Македонска бригада“.
  3. Панаѓурот ќе се одржи во периодот од 20.10.2022 год. до 23.10.2022 год. (четврток, петок, сабота и недела)
  4. Почетната цена за јавното наддавање изнесува 1.570.000,00 ден. + ДДВ, со праг на наддавање минимум 10.000,00 ден.
  5. Јавното наддавање ќе се спроведе на ден 12.10.2022 год. во 10.00 часот во просториите на КЈП Водовод Кочани, ул.Д-р Николиќ бр.64, Кочани.
  6. Право на учество на јавното наддавање имаат сите правни субјекти регистрирани во Централен регистар за вршење дејности од забавен и рекреативен
  7. карактер, кои немаат обврски спрема КЈП Водовод Кочани и кои ќе уплатат 10% од почетната цена за лицитација до почетокот на самата лицитација.

Како доказ да се достави Тековна состојба не постара од 6(шест) месеци и доказ за активна трансакциска сметка.

Уплатата ќе се врши на ж-ска 300050000008715Комерцијална банка Скопје.

  1. На јавното наддавање потребно е да учествуваат минимум двајца учесници-правни лица.

Во случај да не успее јавното наддавање веднаш ќе се објави нов оглас за јавно наддавање, на кое доколку се јави и еден учесник ќе биде реализирано.

Доколку не успее и второто јавно наддавање, организацијата на Кочанскиот панаѓур ќе ја преземе КЈП Водовод Кочани.

  1. На излицитираната цена најповолниот понудувач има обврска да плати и 18% ДДВ.
  2. Излицитираната цена најповолниот понудувач има обврска да ја уплати истиот ден по завршување на лицитацијата, на сметка на КЈП Водовод Кочани.
  3. Со најповолниот понудувач КЈП Водовод ќе склучи Договор, во кој подетално ќе бидат дефинирани правата и обврските на двете договорни страни.
  4. КЈП Водовод Кочани ќе има обврска да ја исчисти и подготви локацијата за непречено организирање на панаѓурот, да обезбеди вода, да обезбеди
  5. санитарни чвора и истите да ги одржува и редовно да врши чистење од отпадоци за време на одржување на панаѓурот.
  6. Обврска на закупецот е да обезбеди осветлување на патеките и просторот каде ќе бидат поставени тезгите како и приклучокот за електрична енергија
  7. за корисницитекои ќе имаат потреба од истата(грилови, крофни, шеќерен памук и друго).

Приклучокот на електрична енергија за забавниот парк не е обврска на КЈП Водовод Кочани, туку на закупецот, односно на правното лице со кое ќе се склучи

Договорот.

  1. Заинтересираните кандидати за подетални информации можат да се обратат на тел. бр.033/279-104.

                                                                                   Претседател на Комисија                                                                                                     

                                                                                                _________________

 ****                                                                                              

08.10.2022 ИЗВЕСТУВАЊЕ
Поради комплексноста на дефектот на главна водоводна линија, без водоснабдување,  од денес 08.10.2022 (сабота) од 19:00 часот до утре 09.10.2022 (Недела)
до 12:00 часот, ќе останат: дел од ромско маало, Трајаново трло и Усова чешма.
Ви благодариме на разбирањето!
КЈП Водовод Кочани
****
04.10.2022  ИЗВЕСТУВАЊЕ 

Во согласност со одобрението бр.03-1885/2 од 27.09.2022 год. (наш бр. 03-309/2 од 27.09.2022 год.) издадено од Општина Кочаниза користење на простор за

организирање на панаѓур во Кочани и одлука бр. 02-319/3од 29.09.2022 год., донесена од Управниот одбор на КЈП Водовод Кочани, за утврдување почетна

цена за јавно наддавање за организирање на традиционалниот Кочански панаѓур во 2022 год., Комисијата за спроведување на постапката за јавно

наддавање, формирана со одлука бр.02-319/4 од 29.09.2022 год. од страна на Управниот одбор, објавува

 

О Г Л А С

 

за организирање на традиционалниот Кочански панаѓур по пат на јавно наддавање

 

  1. Традиционалниот Кочански панаѓур ќе се одржи во Кочани на КП бр.15493/1 и КП бр.15493/2, на дел од ул.„Скопска“ што граничи со КП бр.15493/2 и
  2. дел од ул.„4-та Македонска бригада“.
  3. Панаѓурот ќе се одржи во периодот од 20.10.2022 год. до 23.10.2022 год. (четврток, петок, сабота и недела)
  4. Почетната цена за јавното наддавање изнесува 1.800.000,00 ден. + ДДВ, со праг на наддавање минимум 10.000,00 ден.
  5. Јавното наддавање ќе се спроведе на ден 07.10.2022 год. во 12.00 часот во просториите на КЈП Водовод Кочани, ул.Д-р Николиќ бр.64, Кочани.
  6. Право на учество на јавното наддавање имаат сите правни субјекти регистрирани во Централен регистар за вршење дејности од забавен и рекреативен
  7. карактер, кои немаат обврски спрема КЈП Водовод Кочани и кои ќе уплатат 10% од почетната цена за лицитација до почетокот на самата лицитација.

 

Како доказ да се достави Тековна состојба не постара од 6(шест) месеци и доказ за активна трансакциска сметка.

 

Уплатата ќе се врши на ж-ска 300050000008715Комерцијална банка Скопје.

 

  1. На јавното наддавање потребно е да учествуваат минимум двајца учесници-правни лица.

 

Во случај да не успее јавното наддавање веднаш ќе се објави нов оглас за јавно наддавање, на кое доколку се јави и еден учесник ќе биде реализирано.

 

Доколку не успее и второто јавно наддавање, организацијата на Кочанскиот панаѓур ќе ја преземе КЈП Водовод Кочани.

 

  1. На излицитираната цена најповолниот понудувач има обврска да плати и 18% ДДВ.
  2. Излицитираната цена најповолниот понудувач има обврска да ја уплати истиот ден по завршување на лицитацијата, на сметка на КЈП Водовод Кочани.
  3. Со најповолниот понудувач КЈП Водовод ќе склучи Договор, во кој подетално ќе бидат дефинирани правата и обврските на двете договорни страни.
  4. КЈП Водовод Кочани ќе има обврска да ја исчисти и подготви локацијата за непречено организирање на панаѓурот, да обезбеди вода, да обезбеди
  5. санитарни чвора и истите да ги одржува и редовно да врши чистење од отпадоци за време на одржување на панаѓурот.
  6. Обврска на закупецот е да обезбеди осветлување на патеките и просторот каде ќе бидат поставени тезгите како и приклучокот за електрична
  7. енергија за корисницитекои ќе имаат потреба од истата(грилови, крофни, шеќерен памук и друго).

 

Приклучокот на електрична енергија за забавниот парк не е обврска на КЈП Водовод Кочани, туку на закупецот, односно на правното лице со кое

ќе се склучи Договорот.

 

  1. Заинтересираните кандидати за подетални информации можат да се обратат на тел. бр.033/279-104.

 

                                                                  Претседател на Комисија                                                                                                     

 

                                                                                                                     _________________                                                                                                                                             

 ****** 
13.09.2022 ИЗВЕСТУВАЊЕ
 
Дефектите појавени во текот на викендот (Сабота) 10.09.2022 година:
-Тркање во близина на канал за наводнување (главна линија); 
-Ниска зона кружен тек (Во близина на полициска зграда), 
поради технички причини беа поправевени во Понеделник 12.09.2022 година.
КЈП Водовод Кочани
******

 
06.09.2022 ИЗВЕСТУВАЊЕ
 
Заради специфичен и комплексен дефект на водоснабдителната мрежа, дел од улица Бел Камен во близина на згради СИВИ ДОМ , ќе останат
без водоснабдување до утрешниот ден (07.09.2022 Среда), до отстранување на дефектот.
Ви благодариме на разбирањето!
КЈП Водовод Кочани
*****
03.08.2022 ИЗВЕСТУВАЊЕ
 
Заради прекин во водоснабдувањето, дел од корисниците во висока зона-запад, с.Бели, белско маало, н.Дрчевиќ, калиманова глава и улица
Скопска ќе немаат вода за пиење до 17ч.
Ви благодариме за разбирањето!
 
КЈП Водовод Кочани 
**** 
19.07.2022 ИЗВЕСТУВАЊЕ
 
Заради комплексноста на дефектот, прекинот на водоснабдување во селото Тркање, ќе продолжи и во текот на утрешниот ден (20.07.2022).
viber image 2022-07-19 21-19-52-154  viber image 2022-07-19 21-19-51-406 viber image 2022-07-19 21-19-50-723  viber image 2022-07-19 21-19-49-936
Ви благодариме за разбирањето
КЈП Водовод Кочани
****
 
18.07.2022  ИЗВЕСТУВАЊЕ
Заради дефект на главна водоводна линија и непристапниот терен каде се наоѓа дефектот, селото Тркање ќе остане
без водоснабдување до утре (19.07.2022).
Ви благодариме за разбирањето
КЈП Водовод Кочани
 ****
17.06.2022  ВЕСТИ
 Во рамките на проектот ,,Третман за пречистување на отпадни води во Кочани ,, изработено е видео во кое
е прикажан текот на проектот
и бенефитот кој ќе го имаат граѓаните по неговото завршување. Видеото можете да го погледнете
****
17.06.2022     ИЗВЕСТУВАЊЕ
За поголема заштита на податоците на нашите корисници, направена е промена во начинот на пристапување до
платформата за онлајн плаќање на фактурите за комунални услуги. Имено, станува збор за регистрација нановите
корисници со свое корисничко име и лозинка.
За корисниците кои претходно се имаат регистрирано на платформата ( со промена на лозинката) нема да има
промени. 
При регистрацијата на нов корисник, лозинката мора да содржи најмалку 8 карактери,
голема и мала буква, број и интерпункциски знак, потребно е да се внесе точното корисничко име (кај
постоечките корисници тоа е шифрата на корисник) и е-маил адресата што е внесена во системот на КЈП Водовод
Кочани.​  
Овие промени се инсталирани, дополнети во упатството и со печатењето на новите сметки лозинка повеќе нема да
се генерира.
Дополнително направена е опција за промена на заборавена лозинка, каде што автоматски апликацијата праќа
линк до корисникот за промена НО услов е да го внесе точното корисничко име (кај постоечките
корисници тоа е шифрата на корисник) и е-маил адресата што е внесена во системот на КЈП Водовод Кочани.​ 
  ****

05.06.2022   ИЗВЕСТУВАЊЕ

Заради поголем зафат на водоводната мрежа на ниска зона, корисниците од ниска зона нискиот дел и дел од Трговски центар

Блок Б ќе останат без вододоснабдување до 14 часот.

Ви благодариме за разбирањето.

КЈП Водовод Кочани

*****

 

08.04.2022                                  ИЗВЕСТУВАЊЕ   

За сите корисници, на ден  10.04.2022 во Недела ќе има прекин во водоснабдувањето од 8:00 до 17:00 часот, поради второ

преспојување на реконструираниот дел на главниот цевковод.

Ви благодариме на разбирањето до сите корисници

                                                                      КЈП ,, Водовод“-Кочани.

                                                                ****

 

24.03.2022                                    ИЗВЕСТУВАЊЕ

Поради дефект на водоводна линија во с.Тркање, корисниците од с.Тркање- висока зона на притисок кои се снабдуваат

од резервоарот ќе останат без вода денес и утре (24.03.2022 и 25.03.2022) до санација на дефектот.

Ви благодариме на разбирањето

                                                             КЈП,,Водовод,, Кочани

                                                               ****

24.03.2022                                  ИЗВЕСТУВАЊЕ   

За сите корисници на ден  27.03.2022 во Недела ќе има прекин во водоснабдувањето од 8:00 до 17:00 часот, поради преспојување

на реконструираниот дел на главниот цевковод во близина на бунарскиот систем кај Главната Пумпна станица ,,Грдовски орман“.

Ви благодариме на разбирањето до сите корисници

                                                                      КЈП ,, Водовод“-Кочани.

                                                                  ****

 02.03.2022                                  ИЗВЕСТУВАЊЕ

 Поради прекин на електрична енергија во пумпна станција  Варница, ќе има прекин на водоснабдување во с.Бели во

период од 09:00 до 14:00ч.

                                                                        КЈП Водовод Кочани

                                                                    ****

 

16.02.2022                                   ИЗВЕСТУВАЊЕ

 

Заради санација на главната водоснабдителната мрежа на висока зона можно е да има прекин во водоснабдувањето во

период од 10:00 до 15:00ч.  во н. "Усова Чешма", "Трајаново Трло", с. Бели и населба ,,Бејрут".

 

Ви благодариме на разбирањето. 

                                                                         КЈП Водовод Кочани

 

                                                                    ****

18.01.2022                  ИЗВЕСТУВАЊЕ

Како дел од Проектот за Третман на отпадни води-Кочани во тек се изведуваат градежни работи за

поврзување на дел од стариот систем на отпадна вода со новиот колекторски систем. Градежните

работи се изведуваат интензивно кај Машинскиот мост кај Основен Суд. Во следните неколку дена

дел од отпадната вода ќе истекува во Кочанска река. 

Ви благодариме за разбирањето

                                                                               КЈП Водовод Кочани

                                                                    ****

 

18.01.2022                                   ИЗВЕСТУВАЊЕ

Заради дефект на водоводна линија има прекин во водоснабдувањето на ул. Маршал Тито" и Трговски Центар Блок Б од

10:30 до 11:30ч.

Ви благодариме на разбирањето.

                                                                                КЈП Водовод Кочани

                                                                    ****

 

 13.01.2022                                  ИЗВЕСТУВАЊЕ

Заради дефект на водоводна линија има прекин во водоснабдувањето на ул. Ленинова и Стево Тодосиевски од 9:00 до 10:15ч.

Ви благодариме на разбирањето.

                                                                                КЈП Водовод Кочани

                                                                    ****

31.12.2021                                       АПЕЛ

КЈП,,Водовод"  упатува апел до сите граѓани на Општина Кочани да се воздржат од палење на ѓубришта, диви депонии и од фрлање

на запаливи материи во контејнерите за ѓубре.

Воздухот кој го дишеме во градот е резултат на нашите постапки, затоа да се трудиме да придонесеме кон почист воздух и поздрава

животна средина.

КЈП,,Водовод" - Кочани прави максимални напори за одржување на јавната чистота во градот, како и со непредвидливите палења на

депониите.

                                                                                   КЈП Водовод Кочани

                                                                               ****

 

 

 

13.12.2021                                   ИЗВЕСТУВАЊЕ

Поради лошите временски услови и честите прекини во снабдувањето со електрична енергија во бунарскиот систем ,,Грдовски Орман",

можни се чести прекини во водоснабдувањето во високите делови од градот.

Ви благодариме на разбирањето.

                                                                                    КЈП Водовод Кочани

                                                                                ****

13.12.2021                                   ИЗВЕСТУВАЊЕ

КЈП Водовод Кочани, од вчера започна со расчистување на снежните наноси по улиците во град Кочани. Екипите интервенираа на делот

помеѓу улица Роза Петрова ( Осоговка ) до населба ,,Дрчевик". Према условите екипите ќе работат на расчистување на клучни делови

на улиците како што се кружни токови, мостови и успони.

                                                                                   КЈП Водовод Кочани

                                                                                 ****

09.12.2021                                   ИЗВЕСТУВАЊЕ

Заради дефект на главната водоснабдителната линија во висока зона во вечерните часови ќе има прекин во водоснабдувањето на дел

од улиците ,,Страшо Ербапче",, Кирил и Методиј", ,,Ударничка", ,,Боро Ловџија", ,,14 Бригада", ,,Димитрија Лазаров",,,Бел Камен",

,,Охридска", дел од улицата

,,Роза Петрова" (Калиманова Глава),и населба ,,Бејрут".

Екипи од КЈП Водовод утре на ден 10.12.2021 во утринските часови ќе излезат на терен и во најбрз можен период ќе се обидат да

го отстранат дефектот.

Заради комплексноста на дефектот, не може да се предвиди времетраењето на прекинот.

Ви благодариме на разбирањето.     

                                                                                   КЈП Водовод Кочани

 

                                                                                   ****

07.12.2021                                    ИЗВЕСТУВАЊЕ

Заради дефект на водоснабдителната мрежа на висока зона има прекин во водоснабдувањето на дел од улиците ,,Димитрија Лазаров",

,,Бел Камен", ,,Охридска", с. Бели,  дел од улицата ,,Роза Петрова" (Калиманова Глава),  и населба ,,Бејрут".

Екипи од КЈП Водовод излегоа на терен, но заради комплексноста на дефектот, не може да се предвиди времетраењето на прекинот.

Ви благодариме на разбирањето.     

                                                                                   КЈП Водовод Кочани

 

 

                                                                                         ****

 

 

03.12.2021                                      ИЗВЕСТУВАЊЕ

Поради испитување на трафостаниците во Препумпна Станица (Стар Филтер ) и Фабрика за Вода, на ден 03.12.2021година помеѓу 10-12 

можно е во дел

од висока зона да има прекин во водоснабдувањето .

                                                                                  КЈП Водовод Кочани 

*****

 

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Поради пробивање на улица Стево Тодосиевски (Ленинова) настануваат дефекти на приклучните инсталации на

срушените објекти и на главната водоводна мрежа поради тоа настануваат чести прекини на

водоснабдувањето на улиците: Стево Тодосиевски (Ленинова), Глигор Апостолов Гочо, Брегалничка, Осми Март и

Лазар Андонов.

Времетраењето на прекините е во зависност од сериозноста на настанатиот дефект.

 
 

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Почитувани, Ве известуваме дека можете да ги плаќате онлајн сметките за вода на нашата веб страна.

КЈП Водовод Кочани

----------------- 

И з в е с т у в а њ е 

Почитувани корисници,

       Согласно донесените Одлуки на Владата и Министерството за здравство, а со цел превземање дополнителни и заострени мерки и

активности за превенција од корона вирус, Ве известуваме за следното :

1. Фактурираната количина на вода за месец март 2020 година ќе биде просек од фактурираната количина од претходните три месеци ;

2. Доколку сакате фактурираната количина на вода да биде согласно состојбата на водомерот, Ве молиме прочитајте ја истата и по

телефон најдоцна до 25.03.2020 година можете да го информирате реонскиот Читач-инкасант задолжен за Вашиот реон. Воедно,

доколку сте во можност да доставите слика од водомерот може да ја доставите на некоја од апликациите на социјалните мрежи

(messenger,viber, whats app и др.)

3. Ваквиот начин на фактурирање (просечна потрошувачка) ќе се применува се до укинување на мерките донесени од Владата .

Во продолжение на Ваше располагање се дадени телефоните за контакт на Читачите на Вашиот реон кој со бројка Ви е обележан

во секоја фактура за комунална услуга во делот кај податоците за корисник-физичко лице.

1. Горан Стоименов читач надлежен за реон 4,46,35,39 тел.076/362-724;

2. Љупчо Ристов читач надлежен за реон 5,21,25,27, тел. 071/373-959;

3. Симеон Соколов читач надлежен за реон 7 , тел. 078/270-423;

4.Александар Стојмиловски читач надлежен за реон 23,28,48 тел.075/263-209;

5. Александар Филипов читач за реон 26,29,51 , тел.076/776-875;

6. Ванчо Митев читач за реон 1,41 тел. 078/844-983;

7. Благој Захариев одд.за пласман продажба и наплата тел.076/484-207;

8. Центар за односи со корисници 033/279-125

или на официјалниот маил на КЈП,,Водовод,,Кочани  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Ви благодариме за разбирањето.

                                                              КЈП,,Водовод,,Кочани

---------------------------------------------

Почитувани сограѓани, почитувани корисници,

Следејќи ги најновите препораки на Владата за преземање дополнителни и заострени мерки и активности за превенција

од ширење на корона вирусот согласно информацијата на Управувачкиот комитет за координација и управување во

системот за управување со кризи и на препораките на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, ВИ ПРЕПОРАЧУВАМЕ:

Сите Ваши потреби со службите на КЈП,,Водовод,,Кочани да ги извршувате преку телефон или со електронски пораки(е-маил)

      Плаќањето да го вршите преку електронска наплата на веб страницата на претпријатието ( Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. ) или

електронските банкарства на Вашите банки.Наплатниот пункт во Центарот за односи со корисниците при КЈП,,Водовод,,Кочани

е во функција и во крајна потреба можете да го користите, како и некој од досегашните начини на наплата.

  За сите проблеми да ги контактирате Раководителите при КЈП,,Водовод,,Кочани по телефон и тоа:

Проблеми со водоводни и канализациони инсталации(дефекти, истекувања, нови приклучоци и слично):

Давор Стојмилов 076/484-208 

Проблеми од правна природа (извршувања, тужби, нотарски платни налози, договори опомени и слично):

Ксенија Басовска 071/215-448

Проблеми поврзани за сметките кои ги добивате од КЈП,,Водовод,,Кочани(корекции, грешки, барања и слично)

Лазо Тодоров 076/362-658

Раководителите ќе одговорат на Вашите прашања и проблеми ќе Ве упатат во понатамошните постапки.

Фиксен телефон портирница : 033/279-101 моб.076/362-712

Отворена електронска пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Исто така, Ве известуваме дека Читачите на водомери нема да вршат читање на Вашите водомери кои се наоѓаат во Вашите

домови туку само водомери кои се наоѓаат во шахта надвор од Вашите домови. Доколку сакате да добиете сметка со

точна состојба на водомерите, истата може да ја пријавите на читачите на водомери, на фиксниот телефон или на

раководителот на Пласман продажба и наплата (Лазо Тодоров 076/362-658 или Благој Захариев 076/484-207).

Се надеваме дека ќе ги почитувате нашите препораки, Ви благодариме за разбирањето.

                                                                                                                    КЈП,,Водовод,,Кочани

 -------------

архива

Одлуките за  избор  на работници на неопределено време по јавен оглас 2/2019 се:

  

1(еден) извршител за работно место „ Одговорен инжинер за лабораторија “ , одлука

1(еден) извршител за работно место „Ракувач на хлор апарати“, одлука

____________ 

рз основа на чл.20-г од Законот за вработените во јавниот сектор (Сл.Весник бр.27/2014, 199/2014, 27/2016, 35/2018

198/2018 и 143/2019), член 37-и од Законот за Јавни претпријатија(Сл. весник бр. 38/1996; 9/1997; 6/2002;

40/2003; 49/2006; 22/2007; 83/2009; 97/2010; 6/2012; 119/2013; 41/2014; 138/2014; 25/2015; 61/2015; 39/2016;

64/2018 и 35/2019) и чл.22 и 23 од ЗРО (Сл.Весник бр.62/2005, 106/2008, 161/2008, 114/2009, 130/2009,

149/2009, 50/2010, 52/2010, 124/2010, 47/2011, 11/2012, 39/2012, 13/2013, 25/2013, 170/2013, 187/2013,

113/2014, 20/2015, 33/2015, 72/2015, 129/2015, 27/2016120/2018 и 110/2019), Директорот на КЈП „Вододвод“

Кочани, објавува:

ЈАВЕН ОГЛАС бр.2/2019

за прием на работници на неопределено време 

КЈП Водовод Кочани има потреба од вработување на работници на неопределено време и тоа: 1 (еден) извршител од

групата на даватели на јавни услуги и 1 (еден) извршител од групата на помошно-технички лица или вкупно 2 (двајца) извршители.

I. Од групата на даватели на јавни услуги КЈП Водовод Кочани има потреба од вработување на работници на следните

работни места, со следниот број на извршители:

    1(еден) извршител за работно место „ Одговорен инжинер за лабораторија “, шифра на работно место КДР 03 05 Б01 050во

Одделение Фабрика за вода, Сектор Водовод и канализација, со основна нето плата 19.127,00 денари.

Посебни услови кои треба да ги исполнуваат кандидатите за ова работно место:

- најмалку ниво на квалификации 180 кредити според ЕКТС или завршен VI Б степен– Биологија, Хемиска технологија, Хемија,

- најмалку три години работно искуство во струката.

Други посебни услови

- нема

Распоред на работното време

Работни денови: понеделник-петок

Дневно работно време: 07,00-15,00 часот

Работни часови неделно: 40

Напомена: Предвидени вработувања согласно Годишниот план за вработување на институцијата за 2019 година се: Македонец(ка) 1.

II. Од групата на помошно-технички лица КЈП Водовод Кочани има потреба од вработување на работници на следните

работни места, со следниот број на извршители:

1(еден) извршител за работно место „Ракувач на хлор апарати“, шифра на работно место КДР 04 01 A02 019 во Одделение

Фабрика за вода, Сектор Водовод и канализација,со основна нето плата 14.145,00 денари.

Посебни услови кои треба да ги исполнуваат кандидатите за ова работно место:

-  најмалку ниво на квалификации III, 180 кредити според ЕЦВЕТ или тригодишно средно образование -Хемиска технологија, Биотехника

-  работно искуство не се бара.

Други посебни услови

-нема

Распоред на работното време

Работни денови: понеделник - петок

Дневно работно време 07,00-15,00 часот

Работни часови неделно: 40

Напомена: Предвидени вработувања согласно Годишниот план за вработување на институцијата за 2019 година се: Македонец(ка) 

III. Огласот се објавува заради зголемениот обем на работа на КЈП „Водовод “ Кочани и потребата од пополнување на погоре

наведените работни места.

Сите кандидати (и од групата на даватели на јавни услуги и од групата на помошно-технички лица)треба да ги исполнуваат

следните општи услови:

-          Да е државјанин на Република Македонија,

-          Активно да го користи македонскиот јазик,

-          Да е полнолетен,

-          Да има општа здравствена способност за работното место,

-          Со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење професија, должност или дејност.

IV. Сите кандидати (и од групата на даватели на јавни услуги и од групата на помошно-технички лица)треба да ги

достават следните документи за исполнување на потребните услови за работното место во оригинал или копија заверена кај нотар:

 

-          Уверение за државјанство,

-          Извод од матична книга на родени,

-          Доказ дека со правосилна пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција, забрана за вршење на професија, дејност

или должност,

-          Лекарско уверение за општа здравствена способност,

-          Диплома за завршено соодветно образование,

-          Потврда за работно искуство доколку се бара (документ од АВРМ),

-          Пополнета пријава објавена на ВЕБ страната на КЈП Водовод Кочани.

Постапката за селекција за вработување се состои од проверка на внесените податоци во пријавата за вработување со условите

утврдени во јавниот оглас, проверка на приложените докази и интервју.

Огласот трае 15 (петнаесет) дена, сметано од денот на објавувањето на огласот на интернетстраницата на претпријатието и

 во дневниот печат-во три дневни весници од кои еден од весниците што се издаваат на јазикот што го зборуваат најмалку 20 %

од граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот.

Кандидатите пријавите со сите потребни документи да ги достават на адреса:

КЈП Водовод Кочани, Ул.„Д-р Николиќ“ бр.64 Кочани, лично или преку пошта.

Ненавремените и некомплетно пополнети пријави нема да се разгледуваат.

Напомена: Предвидени вработувања согласно Годишниот план за вработување на институцијата за 2019 година се: 2 (двајца) Македонци.

                                                            КЈП  „Водовод“ Кочани

                                                                           Директор

                                                                        Андреј Киров

                                                                       ____________________                   

Одлуките за  избор  на работници на неопределено време по јавен оглас 1/2019 се:

   1(еден) извршител за работно место „Дипломиран инженер за геодезија“   одлука

  1 (еден) извршител за работно место „Одговорен електро инженер“, одлука

   1 (еден) извршител за работно место „Одговорен машински инженер“,одлука

   4 (четири) извршители за работно место „Референт-инкасант“, одлука

   1 (еден) извршител за работно место „Контролор“, одлука

   1 (еден) извршител за работно место „Одржувач на паркови и зеленило“, одлука

   1 (еден) извршител за работно место „Метач утоварач“, одлука

  (двајца) извршители за работно место „Одржувач на канализација“, одлука

  1(еден) извршител за работно место „ Возач на лесно возило и средно товарно возило“, одлука

   3(три) извршители за работно место „Чувар-патрола “, одлука

  1(еден) извршител за работно место „Одржувач на православни гробишта“, одлука

Одлуките за  неизбор  на работници на неопределено време по јавен оглас 1/2019 се:


1(еден) извршител за работно место „ Одговорен инжинер за лабораторија “ , одлука

1(еден) извршител за работно место „Ракувач на хлор апарати“, одлука

                                                                                   КЈП  „Водовод“ Кочани

                                                                                              Директор

                                                                                          Андреј Киров

                                                                                                                                         _________________     

------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Врз основа на член 25 од Статутот на КЈП,,Водовод,,Кочани Управниот одбор на КЈП,,Водовод,,Кочани на својата 23 седница одржана на ден 15.11.2019г. донесе

О Д Л У К А 

За ослободување од камата за заостанат долг 

Член 1 

СЕ ОДОБРУВА корисниците на услуги на КЈП,,Водовод,,Кочани,физички и правни лица кои имаат заостанат долг за извршени комунални услуги (тужен и редовен),

да го платат без пресметана камата за задоцнето плаќање доколку го платат целосно во предвидениот рок. 

Можноста да се плати долгот без пресметана камата од страна на корисниците е со определеновреметраење и тоа од ден 20.11.2019година до ден 20.12.2019 година. 

По истекот на рокот од став 2 на овој член, оваа одлука престанува да се применува. 

Член 2 

       Одлуката не важи за органите на државната и локалната власт и другите државни органи основани согласно со Уставот и со Закон и институциите кои вршат

дејности од јавен интерес утврден со закон , а организирани како агенции, фондови, јавни установи и јавни претпријатија основани од Република Северна Македонија и

Општина Кочани, вклучително и Општина Кочани 

Член 3

Каматата за задоцнето плаќање која ќе произлезе во наредната сметка за комунални услуги, а врз основа на извршената уплата на заостанатиот долг до денот на плаќање,

ќе биде финансиски одобрена.

Член 4

Се задолжува Сметководство, Книговодствена служба, Одделение за наплата пласман и продажба и Одделение за застапување со физички и правни лица за спроведување

на оваа одлука. 

Член 5 

Оваа одлука влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе се применува од 20.11.2019 година до ден 20.12.2019 година согласно ст.1 и ст.2 одовааОдлука.

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Во согласност со одобрението бр.03-1862/2 од 13.09.2019 год. (наш бр.03-403/2 од 16.09.2019 год.) издадено од

Општина Кочаниза користење на простор за организирање на панаѓур во Кочани и одлука бр. 02-425/2 од 20.09.2019 год.,

донесена од Управниот одбор на КЈП Водовод Кочани, за утврдување почетна цена за јавно наддавање за организирање на

традиционалниот Кочански панаѓур во 2019 год., Комисијата за спроведување на постапката за јавно наддавање, формирана

со одлука бр.02-425/3 од 20.09.2019 год. од страна на Управниот одбор, објавува 

О Г Л А С

за организирање на традиционалниот Кочански панаѓур по пат на јавно наддавање

  1. Традиционалниот Кочански панаѓур ќе се одржи во Кочани на КП бр.15493/1 и КП бр.15493/2, на дел од ул.„Скопска“ што граничи
  2. со КП бр.15493/2 и дел од ул.„4-та Македонска бригада“.
  3. Панаѓурот ќе се одржи во периодот од 18.10.2019 год. до 21.10.2019 год. (петок, сабота, недела и понеделник)
  4. Почетната цена за јавното наддавање изнесува 1.550.000,00 ден. + ДДВ, со праг на наддавање минимум 10.000,00 ден.
  5. Јавното наддавање ќе се спроведе на ден 27.09.2019 год. во 11.00 часот во просториите на КЈП Водовод Кочани, ул.Д-р Николиќ бр.64,
  6. Кочани.
  7. Право на учество на јавното наддавање имаат сите регистрирани правни субјекти, кои се регистрирани како правен субјект во Централниот
  8. регистар, кои немаат обврски спрема КЈП Водовод Кочани и кои ќе уплатат 10% од почетната цена за лицитација до почетокот на самата
  9. лицитација.

Уплатата ќе се врши во благајната на КЈП Водовод Кочани или на ж-ска 300050000008715Комерцијална банка Скопје.

  1. На јавното наддавање потребно е да учествуваат минимум двајца учесници-правни лица.

Во случај да не успее јавното наддавање веднаш ќе се објави нов оглас за јавно наддавање, на кое доколку се јави и еден учесник

ќе биде реализирано.

Доколку не успее и второто јавно наддавање, организацијата на Кочанскиот панаѓур ќе ја преземе КЈП Водовод Кочани.

  1. На излицитираната цена најповолниот понудувач има обврска да плати и 18% ДДВ.
  2. Излицитираната цена најповолниот понудувач има обврска да ја уплати истиот ден по завршување на лицитацијата, на сметка на КЈП
  3. Водовод Кочани.
  4. Со најповолниот понудувач КЈП Водовод ќе склучи Договор, во кој подетално ќе бидат дефинирани правата и обврските на двете
  5. договорни страни.
  6. КЈП Водовод Кочани ќе има обврска да ја исчисти и подготви локацијата за непречено организирање на панаѓурот, да спроведе
  7. осветлување само на патеките, да обезбеди вода, да обезбеди санитарни чвора и истите да ги одржува и редовно да врши
  8. чистење од отпадоци за време на одржување на панаѓурот.
  9. Приклучокот на електрична енергија за забавниот парк не е обврска на КЈП Водовод Кочани, туку на правното лице со кое ќе се склучи
  10. Договорот.
  11. Заинтересираните кандидати за подетални информации можат да се обратат на тел. бр.033/279-115.                                                                                                                                            КЈП ВОДОВОД КОЧАНИ

  

постари објави

И З В Е С Т У В А Њ Е

            Врз основа на одлука бр.02-663/3 од 30.11.2018 год., донесена од страна на Управниот одборприКЈП „Водовод“ Кочани, се известуваат сите корисници

на комунални услуги кои имаат заостанат долг за потрошена вода (тужен и редовен) дека им се одобрува да го платат без пресметана камата за задоцнето плаќање.

Можноста да се плати долгот без пресметана камата од страна на корисниците е со определено времетраење, и тоа во периодот од 01.12.2018 год.

заклучно со 21.12.2018 год.

       Ваквата можност не важи за органите на државната и локалната власт и другите државни органи основани согласно со Уставот и со Закон и институциите кои

вршат дејности од јавен интерес утврден со закон, а организирани како агенции, фондови, јавни установи и јавни претпријатија основани од Република

Македонија и Општина Кочани, вклучително и Општина Кочани.

Во прилог на ова известување е Одлуката бр. 02-663/3 од 30.11.2018 год.

                                                                            КЈП „Водовод“ Кочани  

Врз основа на одобрението добиено од Општина Кочани бр.03-515/2од 24.09.2018 год. КЈП „Водовод“ Кочани,ја објавува следната:

 

СТАРИ ОБЈАВИ

КЈП Водовод Кочани

Ул.„Д-р Николиќ“ бр.64 Кочани                                                                                                                                                 

Врз основа на чл.20-г од Законот за вработените во јавниот сектор, член 37-и од Законот за Јавни

претпријатија и чл.22 и 23 од ЗРО, Директорот на КЈП „Вододвод “ Кочани, објавува:

ЈАВЕН ОГЛАС бр. 04-437/1

за прием на работник на неопределено време

КЈП Водовод Кочани има потреба од вработување на работник од групата на даватели на јавни услугина неопределено

време на следното работно место, со број на извршители: 

1 (еден) извршител за работно место „Одговорен машински инженер“, со шифра на работно место КДР 03 05 Б01 045,

во Сектор ИТ и развој, одделение за планирање инвестиции и развој.

Паричен нето износ на плата: 19.717,00 денари

Кандидатот треба да ги исполнува следните услови:

$11.       Општи услови:

$1-          Да е државјанин на Република Македонија, 

$1-          Активно да го користи македонскиот јазик,

$1-          Да е полнолетен, 

$1-          Да има општа здравствена способност за работното место, 

$1-          Со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење професија, должност или дејност.

  1. Посебни услови кои треба да ги исполнуваат кандидатите за ова работно место:

- најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VI Б степен-Машинство

- најмалку три години работно искуство во струката. 

Распоред на работното време

Работни денови: понеделник - петок 

Дневно работно време: 07:00 – 15:00 часот 

Работни часови неделно: 40 

Огласот се објавува поради испразнето работно место во КЈП „Водовод “ Кочани. 

Сите кандидати треба да ги достават следните документи за исполнување на потребните услови за работното место во оригинал

или копија заверена кај нотар:

$1-          Уверение за државјанство, 

$1-          Извод од матична книга на родени, 

$1-    Доказ дека со правосилна пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција, забрана за вршење на професија,

дејност или должност,

      $1-          Лекарско уверение за општа здравствена способност,

$1-          Диплома за завршено соодветно образование,

$1-          Потврда за работно искуство

$1-   Пополнета пријава објавена на ВЕБ страната на КЈП Водовод Кочани,  пријавата може да ја симнете ОВДЕ

Постапката за селекција за вработување се состои од проверка на внесените податоци во пријавата за вработување со

условите утврдени во јавниот оглас, проверка на приложените докази и интервју. 

Огласот трае 15 (петнаесет) дена, сметано од денот на објавувањето на огласот на интернетстраницата на

претпријатието и во дневниот печат-во три дневни весници од кои еден од весниците што се издаваат

на јазикот што го зборуваат најмалку 20 % од граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот.

Кандидатите пријавите со сите потребни документи да ги достават на адреса:

КЈП Водовод Кочани, Ул.„Д-р Николиќ“ бр.64 Кочани, лично или преку пошта. 

Ненавремените и некомплетно пополнети пријави нема да се разгледуваат. 

Напомена:Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за2018 година     се : Македонец(ка) 1.

                                                                                                                                      КЈП „Водовод“ Кочани

                                                                                                                                                         Директор

                                                                                                                                               Андреј Киров

                                                                                                                                                        

 

                                                                                                                                                           

      ИЗВЕСТУВАЊЕ

Управниот одбор на КЈП,, Водовод,, Кочани со претходна добиена согласнот од Советот на општина Кочани на 12та редовна седница донесе одлука под број 02-340 за зголемување на цената на водата и тоа:

-Единечната цена на водата за м3 за домаќинствата ќе изнесува 35,50денари,а

-Единечната цена на водата за м3 за правни лица ќе изнесува 65,00денари.

На истата седница со претходна согласност Управниот одбор донесе одлука под број 02-341 за зголемување и на цената на канализацијата, и тоа:

-Единечната цена за канализација по м3 вода за домаќинствата ќе изнесува 15,00денари,а

-Единечната цена за канализација по м3 вода за правни лица ќе изнесува 18,00денари.

 Погоре наведените единечни цени ќе почнат да се применуваат од 01.07.2014 година.

Ве известуваме дека образецот БАРАЊЕ - ПОВЕКЕНАМЕНСКИ ОБРАЗЕЦ кој можете да го добиете во нашата служба можете да го симнете и од нашиот вебсајт со кликнување ОВДЕ. Образецот е DOC формат така што може да биде пополнет и на компјутер. Пополнетиот образец треба да го одштампате и да го потпишете и да го донесете во нашата служба да го предадете.

КЈП ВОДОВОД КОЧАНИ 

ОНЛАЈН ПЛАЌАЊЕ СМЕТКИ