ПРОЕКТ ОТПАДНИ ВОДИ

ПРОЕКТ ОТПАДНИ ВОДИ

СЕКТОР МЕНАЏМЕНТ

ИЗВЕСТУВАЊЕ

ИЗВЕСТУВАЊЕ

КЈП,, Водовод,, Кочани започна со реализација на проект ,,Две и половина минути до полноќ''  -Иновативен едукативен пристап  кон темите за климатските промени во основните училишта финансиран од страна на ЕРАЗМУС+ Програмата.

Проектот е насочен кон подобрување на знаењата и вештините на наставниците и учениците од основните училишта со цел подобро да ја разберат климатската наука и да се насочат кон климатските промени и потребата од примена на Обновливите Извори на Енергија (РЕС) во и надвор од училницата, како и да развијат добар систем на вештини на размислување за предвидувањата за глобалните климатски промени со потикнување на критички пристап на размислување за главните причини на овој природен феномен.

Проектот вклучува три јавни институции: општина Пештера (Р.Бугарија, Проектен координатор), локална администрација од Лудбрег (Р.Хрватска) и Комунално Јавно Претпријатие ,,Водовод" Кочани од Кочани (Р.Македонија) кои ќе развиjат транснационален стратешки документ за партнерство кој ќе ги опфаќа темите поврзани со климатските промени; три невладини организации со свои експерти: РЕАП ( Р.Бугарија), МАГА (Р.Македонија), и РЕАН (Хрватска) кои ќе бидат вклучени во градење на капацитети и обуки на наставниците; и три пилот основни училишта: Св.Патријарх Ефтимиј (Р.Бугарија), Крсте П. Мисирков (Р.Македонија) и Основно Училиште Лудбрег (Р. Хрватска) кои ќе ги изведуваат пилот активностите низ учење во предметите поврзани со теми за климатските промени и Веб алатки за Отворени Едукативни Извори (ОЕР) на нивните ученици во 2018/2019 училишна година.

Проектот започна со Првиот Транснационален состанок во општина Пештера, Р.Бугарија на 3ти Ноември, 2017г. Состанокот го отвори Градоначалникот на општина Пештера кој притоа одржа кратка прес конференција. За време на состанокот сите партнери потпишаа Договори за Партнерство со Проектниот Координатор, а исто така се дискутираше и за  претстојни активности и задачи. На овој состанок беше формиран Проектен Управен Одбор.

Времетраење на проектот е 24 месеци и е со вкупен буџет од 135 050 Евра.

 

image2     image3 2 

todor     sonja

 

 ИЗВЕСТУВАЊЕ

Почитувани корисници,

КЈП ,,Водовод,, Кочани нуди можност сметките за комунални услуги да се плаќаат online. Пристапот и упатството за користење на оваа можност корисниците можат да ја најдат преку официјалната веб страна www.vodovodkocani.com.mk.

                           Со почит

                           КЈП Водовод Кочани                          30.10.2017

 

 ПОСТАРИ ОБЈАВИ

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Во прилог извадок од Нацрт-записник од 27-та седница на ВРМ, одржана на 12.09.2017 година, во врска со Точка 45: Предлог- упатство за начинот на постапување на министерставата, другите органи на државна управа и управни организации за време на изборниот процес и Точка 46: Предлог-упатство за забрана за користење на движни и недвижни ствари во државна сопственост за време на изборниот процес.

                               Точка 45    Упатство          Точка 46     Упатство 

 

                                                                                                  КЈП Водовод Кочани 

 

 Врз основа на одобрението добиено од Општина Кочани бр.03-454/1од 11.09.2017 год. КЈП „Водовод“ Кочани,ја објавува следната: 

 О Б Ј А В А   

        I . Во периодот од 18.10.2017 до 22.10.2017 год. (среда, четврток, петок, сабота и недела) ќе се одржи традиционалниот Кочански панаѓур. 

       II.     Организатор на панаѓурот е КЈП „Водовод“ Кочани.

    III.   Локација на панаѓурот е просторот на КП бр.15493/1, КП бр.15493/2, на дел од ул.Скопска, дел од ул.Скопска што граничи со КП бр.15493/2 и дел од ул.4-та Македонска бригада.

   IV.   На панаѓурот ќе можат да изложуваат свои стоки сите општествени и приватни правни лица, малостопанственици, како и индивидуални производители на стока. 

       V.     Висината на надоместокот за користење на јавните површини ќе изнесува: 

1-       за I (прва) зона 2.000,00 ден. за 1(еден) метар должен (со вклучена електрична енергија), 

1-       за II (втора) зона 1.500,00 ден. за 1(еден) метар должен (со вклучена електрична енергија), 

1-       за закупците на просторот наменет за угостителска дејност 300,00 ден. од м2 (со вклучена електрична енергија), и 

1-       за закупците на просторот за забавниот парк и игри 200,00 ден. од м2. 

VI.      Плаќањето на надоместокот ќе се врши на жиро сметка на КЈП „Водовод“ Кочани – 300050000008715 при Комерцијална банка или на благајната во КЈП „Водовод“ Кочани. 

VII.    Подетални информации можат да се добијат во Управата на КЈП „Водовод“ Кочани или на телефонските броеви 033/279-101 и  033/279-116. 

Напомена: Организаторот – КЈП „Водовод“ Кочани се иззема од секаква одговорност до колку се врши контрола од страна на инспекциските служби (санитарна, пазаришна и даночна инспекција).

      КЈП „Водовод“ Кочани

 

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Проектот за третман на отпадни води Кочани, на ден 30.08.2017 во 18:00 часот ќе одржи презентација на проектот  во село Мојанци ресторан Венеција. На презентацијата ќе бидат присутни претставници од КЈП Водовод и Општината, претставници на консултантот ЕБП, како и претставници од фирмата изведувач на градежните работи WTE/Жикол. Жителите ќе имаат можност да поставуваат прашања до гореспоменаттие претставници.

Презентацијата е отворена за сите заинтересирани!

             КЈП ,,Водовод,, Кочани

И З В Е С Т У В А Њ Е 

 Се повикуваат граѓаните на Општина Кочани-корисници на услугата за вода од КЈП ,,Водовод,, Кочани на рационално и наменско користење на расположивите количини на вода. Заради моменталните состојби од страна на КЈП Водовод Кочани се преземаат мерки со посета на терен, опомена на лицата и санкционирање на несоодветното користење.

 

Ви благорадиме на разбирањето.

                                                                                                                                                                                                 КЈП ,,Водовод,, Кочани

 

 

ОДЛУКИ ЗА ИЗБОР НА КАНДИДАТИ ЗА РАБОТНИ МЕСТА ВО КЈП ВОДОВОД КОЧАНИ

 

Врз основа на член 21 од Законот за работни односи , член 10 од колективниот договор на ниво на работодавецот КЈП Водовод Кочани, а согласно член 35 алинеа 16 од Статутот на КЈП Водовод Кочани, денес на ден 24.07.2017 година се донесени следниве одлуки за избор на кандидати за работни места во КЈП Водовод Кочани

         ОДЛУКИ види овде                      

         ОДЛУКИ види овде

 

                КЈП Водовод Кочани                                                       24.07.2017

 И З В Е С Т У В А Њ Е

 

 Се повикуваат граѓаните на Општина Кочани-корисници на услугата за вода од КЈП ,,Водовод,, Кочани на рационално и наменско користење на расположивите количини на вода. Заради моменталните состојби од страна на КЈП Водовод Кочани се преземаат мерки со посета на терен, опомена на лицата и санкционирање на несоодветното користење.

Ви благорадиме на разбирањето.

                                                                                                                               19.07.2017 god.                                                                      КЈП ,,Водовод,, Кочани

 

 И З В Е С Т У В А Њ Е

 

          Се известуваат корисниците на услугата за изнесување на смет од страна наКЈП ,,Водовод,, Кочани, дека можат да набават  пластични канти за отпад со капацитет од 120 литри по цена од 1200  денари. Отплатата на кантите може да се врши одложено на 12 рати, по претходно регулиран Договор. Заинтересираните треба да се пријават во управата на КЈП ,,Водовод,, Кочани.

 

За подетални информации можат да се обратат на бројот: 033/279-115

 

    02.02.2017 god.                                                                       KJP,,Vodovod,, Ko~ani     

Архива

 

Врз основа на одлуката бр.02-175 од 21.03.2017 година, донесена од Управниот одбор на КЈП,,Водовод,,Кочани, за отуѓување –продажба по пат на јавно наддавање –лицитација на основни средства, Комисијата формирана од страна на Управниот одбор со одлука бр. 02-69 од 02.02.2016 год. и одлуката за измена на одлуката за формирање на комисија за спроведување постапка за оттуѓување на основни средства бр.02-288 од 05.08.2016 год., објавува 

О  Г  Л  А  С 

За продажба на основни средства 

по пат на јавно наддавање - лицитација 

Се врши оттуѓување –продажба по пат на јавно наддавање –лицитација на следните основни средства, разделени во групи: 

Прва група 

$11.    Патничко возило ЛАДА - ГТВ, 

                 Втора група 

$11.    Центр. пумпа Ц-3-4 160 М2 бр.604584 (без мотор) – Водовод, 

$12.    Центрифугална пумпа 30 МС 80 

$13.    Центрифугална пумпаС 15 ЦП 16 18 КВ 

$14.    Пумпа за вода С 15-ЦП 16 A(без мотор)– ГТВ, 

$15.    Пумпа за вода 28 МТ 45-3 75 КВ (без мотор) – ГТВ, 

$16.    Пумпа Ц15-ЦП16М3Т бр.95199 15 КВ (без мотор)– Водовод, 

$17.    Пумпа Ц-3-4 160М2 7КВ (без мотор)– Водовод 

 Трета група 

$11.    Потопна пумпа Грундфос СП215-6Е 110 КВ – ГТВ, 

$12.    Потопна пумпа Грундфос СП215-4АЕ во Д-1 – ГТВ, 

$13.     Потопна пумпа Капрари Е8564-612А – Водовод, 

$14.    Потопна пумпа СИМАЦВБУ 080416 7.5 КВ – Водовод, 

$15.    Потопна пумпа УПА 86-6 Меркури 22 КВ – Водовод, 

$16.    Потопна пумпа УПА 86-5 Меркури 22 КВ – Водовод (2 броја) 

$17.    Потопна пумпа М-15М 540-6 бр.06/91 – Водовод, 

$18.    Потопна пумпа ПЛОГЕР (QW)  ЉЊ 81-3+M6-45-2 

$19.    Преносна теренска пумпа 

$110. Мотор од Пумпа Ц-3-4 160М2 7КВ – Водовод. 

$111. Мотор од  Пумпа Ц15-ЦП16М3Т бр.95199 15 КВ – Водовод, 

$112.Мотор од Центр. пумпа Ц-3-4 160 М2 бр.604584 – Водовод, 

$113.Мотор од Пумпа за вода 28 МТ 45-3 75 КВ – ГТВ, 

$114.Електромотор за пумпа 15 КВ 

Четврта група 

            1.Компресор клипен 

                    Петта група 

$11.    Возило Комби Бус 

                 Шеста група 

1. Специјално возило Подизач  Zastava 650– Комунална хигиена, 

                Седма Група 

             1. Термо печка  

$1-       Почетната цена на јавното наддавање изнесува 6,00 денари по килограм. 

$1-       Заинтересираните правни лица можат да извршат увид на средствата кои се предмет на продажба, секој работен ден од понеделник до петок од 7:00 до 15:00 часот, во Стопански двор на КЈП „Водовод“ Кочани. 

$1-       Јавното наддавање ќе се одржи на ден 12.04.2017 година во 12:00 часот во просториите на управата на КЈП ,,Водовод,,Кочани, на ул.,,Д-р Николиќ,, бр.64 Кочани. 

$1-       Заинтересираните правни лица за купување на основните средства кои се предмет на продажба можат да учествуваат на усното наддавање доколку најдоцна еден час пред почетокот на јавното наддавање уплатат учество од 10.000,00 денари. 

$1-       Како доказ правните лица треба да обезбедат ДРД образец и Дозвола за складирање и третман за секундарен отпад, како и доказ дали лицето е даночен обврзник. 

$1-       Уплатата се врши на благајната на КЈП ,,Водовод,, Кочани или на жиро сметка 300050000008715 при Комерцијална банка филијала Кочани. 

$1-       Купувачот е должен да ја положи вкупната цена најдоцна  во рок од 5 дена од денот на продажбата, во спротивно го губи правото на враќање на уплатените средства за учество на јавното наддавање и продажбата ќе се смета за неуспешна. 

$1-       Заинтересираните лица за подетални информации може да се јават на телефон 033/279-101  лок.116  секој работен ден од 07:00 до 15:00 часот. 

Напомена: Продажбата на основните средства се врши по групи и секоја група може да биде купена од различен купувач.

                                            Од Комисијата 

 

Информација за одржување на Јавна расправа по Студија  за оцена на влијание врз животната средина за проектот„Изградба на пречистителна станица за третман на отпадни води во Кочани“.

 Министерството за животна средина и просторно планирање ја известува заинтересираната јавност дека инвеститоротКЈП „Водовод“ од Кочанисо седиште на ул. Д-р Николиќ бр. 64, Кочани достави Студијата за оцена на влијанието врз животната средина за изведување на Проектот: „Изградба на пречистителна станица за третман на отпадни води во Кочани“и истата е достапна за увид.Јавнатa расправa по Студијата  за оцена на влијание врз животната средина за проектот: „Изградба на пречистителна станица за третман на отпадни води во Кочани“, ке се одржи на 7 април 2017 година  (петок), во зградата наопштина Кочани со почеток во 12.00 часот.

Контакт лица:

Консултантска куќа која ја подготви Студијата за оцена на влијание врз животната средина “ДЕКОНС - ЕМА” ДОО од Скопје;  

Лице за контакт: Менка Спировска – експерт за ОВЖС

 моб: тел: 078 252 676 ;   е-маил:  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Министерство за животна средина и просторнио планирање

 бул. “Гоце Делчев” бр. 18, 1000 Скопје

Александар Петковски – Помошник раководител на Сектор за животна средина     

бул. “Гоце Делчев” бр. 18, 1000 Скопје,

 тел: 076455460;

е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 Сашо Секуловски – Помошник раководител

 Сектор за комуникација со јавноста

ул. ”III Македонска бригада” бр.10а тел. 02 3215-320

е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Информација за објавување на јавна расправа

  И З В Е С Т У В А Њ Е

Врз основа на член 90 став 1 алинеја 3 од Законот за животна средина („Службен весник на Република Македонија“ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14, 44/2015, 129/2015и 39/2016) и член 4 од Правилникот за содржина на објавата на известувањето за намерата за спроведување на проект, на решението за потребата на оцена на влијанието на проектот врз животната средина, на студијата за оцена на влијанието на проектот врз животната средина, на извештајот за соодветноста на студијата за оцена на влијанието врз животната средина и на решението со кое дава согласност или се одбива спроведувањето на проектот, како и начин на конслутирање на јавноста(„Службен весник на Република Македонија“ бр.33/06), Министерството за животна средина и просторно планирање ја објавува

Содржината на објавата на Студијата за оцена на влијанието на проектот врз животната средина

Инвеститорот КЈП „Водовод“ од Кочанисо седиште на ул. Д-р Николиќ бр. 64, Кочани достави Студијата за оцена на влијанието врз животната средина за изведување наПроектот: „Изградба на пречистителна станица за третман на отпадни води во Кочани“.

Инвеститорот предвидува изградба на пречистителна станица за третман на отпадни води со капацитет од 50 000 е.ж. која ќе врши прочистување на урбаните и индустриските отпадни води.Најпрво ќе бидат опфатени населените места: Оризари, Градот Кочани, с. Горни Подлог и с. Мојанци, а поксно да се опфатат и с. Прибачево, с. Бели, с. Долни Подлог, с. Грдовци и с. Тркање.Прочистените отпадни води од ПСОВ Кочани ќе се испуштаат во Оризарска река, која е класифицирана како незензитивно подрачје.

Студијата е достапна за увид на веб страната на Министерството за животна средина и просторно планирање www.moepp.gov.mk.

Секое лице, органите на државната управа, градоначалниците на општините, на градот Скопје и на општините во градот Скопје, можат да го достават своето мислење, во писмена форма, до органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина, во рок од 30 дена од денот на објавувањето на Студијата за оцена на влијанието на проектот врз животната средина.

 

 И З В Е С Т У В А Њ Е

 

          Се известуваат корисниците на услугата за изнесување на смет од страна наКЈП ,,Водовод,, Кочани, дека можат да набават  пластични канти за отпад со капацитет од 120 литри по цена од 1200  денари. Отплатата на кантите може да се врши одложено на 12 рати, по претходно регулиран Договор. Заинтересираните треба да се пријават во управата на КЈП ,,Водовод,, Кочани.

За подетални информации можат да се обратат на бројот: 033/279-115

    02.02.2017 god.                                                                       KJP,,Vodovod,, Ko~ani    

 

И З В Е С Т У В А Њ Е

        Заради посериозен зафат од технички карактер на главниот цевковод, на ден 19.11.2016 год. (сабота) КЈП,,Водовод,, - Кочани ги известува граѓаните дека е можен прекин во водоснабдувањето на повисоките зони во градот во период од 12 - 17 часот.

Ви благодариме на разбирањето.

17.11.2016                                                                               KJP,,Vodovod,, Ko~ani                                             

OMUNALNO 
OMUNALNO 
  
- K 
- K 
O  

И З В Е С Т У В А Њ Е

Министерството за животна средина и просторно планирање ја известува заинтересираната јавност дека инвеститорот Комунално Јавно Претпријаие „Водовод“ од Кочани, со седиште на ул. “Д-р Николиќ бр. 64, 2300 Кочани, достави известување за намера за изведување на проектот и листа на проверка за определување на  обемот на  оцена на влијанието на проектот врз животната средина: „Изградба на пречистителна станица за третман на отпадни води во Кочани“...повеќе

 

И З В Е С Т У В А Њ Е

 

          За реализација на Проектот ,,Изградба на пречистителна станица за отпадни води,, КЈП,,Водовод,, - Кочани, упатува повик за прибирање на понуди од правни и физички лица, за изнајмување на простор за складирање на материјали за реализација на проектот. 

Потребниот простор треба да биде со површина до 2000 м2 со асфалтиран пристапен пат, заграден, обезбеден и осветлен, на оддалеченост до 1 км од Стопански двор  на КЈП,,Водовод,,. 

Рок на поднесување на понудите: 5 работни дена од денот на објавување на повикот (заклучно со 13.09.2016г.) 

         Понудите да бидат доставени на официјалната веб-страна: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. , или во архивата на управната зграда на КЈП,,Водовод,, Кочани.

 

И З В Е С Т У В А Њ Е

 

Повик до Правните субјекти – корисници на услугите на КЈП,,Водовод,, Кочани, кои немаат доставено свои и-меил адреси, или имаат нови, да ги испратат на официјалната страна на КЈП,,Водовод,, Кочани: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. ,со цел навремено да им бидат доставени сметките за комунални услуги согласно Законот закомунални услуги. 

21.07.2016 god.                                                                       KJP,,Vodovod,, Ko~ani                                                                               

 ИЗВЕСТУВАЊЕ

          КЈП ,,Водовод,, Кочани ги известува граѓаните на Општина Кочани дека на ден 26.04.2016 год. (вторник) тендерираната фирма ВСЦ Тодор Велков Куманово за вршење на шинтерски услуги, ќе спроведе акција на заловување на кучињата скитници. Затоа  потребно е сите граѓани кои чуваат домашни кучиња, истите да ги заштитат, за да не дојде до несакани последици.

 

22.04.2016 god.                                                                                      KJP,,Vodovod,, Ko~ani                                   

                                          ИЗВЕСТУВАЊЕ

 

Се известуваат  корисниците на услугата за  изнесување на смет од страна на КЈП ,,Водовод,, Кочани, дека можат да набават пластични канти за отпад со капацитет од 120 литри по цена од 1300 денари.

Отплатата на кантите може да се врши одложено на 12 рати, по претходно регулиран Договор.

Заинтересираните треба да се пријават во управата на КЈП,,Водовод,, Кочани.

За подетални информации може да се обратат на тел.број 033/279-115

 

17.02.2016год.                                                             КЈП ,,Водовод,, Кочани

 

                                        ИЗВЕСТУВАЊЕ               

Upravniot odbor na KJP "Vodovod" Ko~ani na svojata redovna 30-ta sednica odr`ana na den 30.10.2015 god. razgleduvajki ja kalkulacijata na cenata na m3 geotermalna voda, vo soglasnost so ~l.19 t.7 od zakonot za javni pretprijatija (Sl. v. na RM 38/96) i vo vrska so ~l.24 t.7 od Statutot na KJP "Vodovod" Ko~ani donese Odluka za promena - namaluvawe na cenata na m3 geotermalna voda od 38,10 denari po m3 geotermalna voda za 6,50 denari i }e iznesuva 31,60 denari za m3 geotermalna voda.

Kalkulacijata na promena na cenata na geotermalnata voda e izrabotena od stru~niot tim pri KJP "Vodovod" Ko~anii i e vo soglasnost so tarifnikot objaven vo Sl. v. na RM br. 12/2012 vo primena od 27.01.2012 godina.

Novata cena na geotermalnata voda se primenuva od 01.01.2016 godina.

Soglasno ~l.11 t.5 od Zakonot za Javnite pretprijatija i ~l. 50 od Statutot na KJP "Vodovod" Ko~ani, soglasnost za baranata cena dade i Sovetot na Op{tina Ko~ani.

 

                                                              РАСПОРЕД 

                                          на улици кои вонредно ќе се метат 

                                                  Источно од Кочанска река

 

1.  Околу комплекс АСНОМ комплет со мердевени на јужна страна            13.02.2016 

2. Ул.Рајко Жинзифов (од АСНОМ до ул. 9 МАЈ) и ул. АСНОМ                    20.02.2016 

3. ул.Киро Кикенски и ул. В. Влаховиќ                                                             27.02.2016 

4. Ул. 9ти Мај и сокак Тодосија Паунов над Бриони                                       05.03.2016    

5. Ул. Искра                                                                                                       12.03.2016 

6. Ул. Македонска                                                                                             19.03.2016 

7. Ул. Плачковица и ул Гошо Викинтиев со паркинг кај хемиско                  26.03.2016 

8. Ул. Иван Иванов Балашо                                                                            02.04.2016 

9. Оризари десна страна од кејот                                                                    09.04.2016    

10. Оризари лева страна од кејот                                                                   16.04.2016    

11. ул. Енгелсова                                                                                              23.04.2016 

12.ул. Стамен Манов                                                                                        30.04.2016

                                        Западно од Кочанска река

 

1.  ул.Бел Камен (од Национал до сиви дом)                                                 13.02.2016 

2. ул.1 мај (од повеќенаменско игралиште до крај)                                       20.02.2016 

3. ул.Р.Петрова дел (од сиви дом до детско игралиште)                              27.02.2016 

4. ул.Р.Петрова дел (од детско игралиште до ул. С. Ербапче)                     05.03.2016    

5. ул.Скопска (од Калиманова глава до панаѓур)                                           12.03.2016 

6. ул.Скопска (од панаѓур до крај на јужна страна)                                        19.03.2016 

7. ул.Сремска                                                                                                     26.03.2016 

8. Мало стопанство дел                                                                                    02.04.2016 

9. Мало стопанство дел                                                                                    09.04.2016    

10. ул. 4 та Македонска и Раде Кончар                                                           16.04.2016    

11. ул.  Кирил и Методиј и околу црква                                                            23.04.2016 

12. ул. Илинденска                                                                                            30.04.2016 

  И З В Е С Т У В А Њ Е

 

КЈП ,,Водовод,, Кочани ги известува граѓаните на Општина Кочани дека на ден 09.03.2016 год. (среда) тендерираната фирма ВСЦ Тодор Велков Куманово за вршење на шинтерски услуги, ќе спроведе акција на заловување на кучињата скитници. Затоа потребно е сите граѓани кои чуваат домашни кучиња, истите да ги заштитат, за да не дојде до несакани последици.

 

07.03.2016 god.                                                                                                KJP,,Vodovod,, Ko~ani   

               IZVESTUVAWE ДО ПРАВНИТЕ СУБЈЕКТИ КОРИСНИЦИ НА КОМУНАЛНИ УСЛУГИ

 

Се известуваат сите правни субјектикорисници на комунални услуги, дека од 1-ви април стапува на сила новото законско решение, според кое сметките за комунални услуги задолжително треба да се  праќаат по електронски пат на e-mail адреса.

 

За таа цел потребно е сите правни субјектикорисници на комунални услуги да ги достават своите e-mail адреси до КЈП ,,Водовод,, Кочани на ул. Др-Николиќ бр.64 Кочани или по електронски пат на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. .                                                              

И З В Е С Т У В А Њ Е 

          КЈП ,,Водовод Кочани ги известува сите заинтересирани физички лица-станари кои имаат станови на улиците каде што е предвиден временски ограничен паркинг простор(со наплата) и правните лица, како и вработените во тие правни лица кои имаат седиште на овие улици, дека имаат можност за купување на месечна повластена карта за користење на временски ограничениот паркинг простор. 

          Потребни документи за добивање месечна повластена карта за временски ограничениот паркинг простор: 

1. ФИЗИЧКИ ЛИЦА - СТАНАРИ 

ФОТОКОПИЈА ОД ЛИЧНА КАРТА ( како потврда за адреса на живеење)

 ФОТОКОПИЈА ОД СООБРАЌАЈНА ДОЗВОЛА

ФОТОКОПИЈА ОД ИМОТЕН ЛИСТ ( доколку адресата на л.к. е различна од местото на живеење)

ФОТОКОПИЈА ОД ДОГОВОР ЗА ЗАКУП НА СТАН ( доколку станот во кој живее е под закуп) .  

2.ФИЗИЧКИ ЛИЦА -ВРАБОТЕНИ ВО ПРАВНО ЛИЦЕ ( доколку правното лице е со седиште на улиците Димитар Влахов или Маршал Тито )

 ФОТОКОПИЈА ОД ЛИЧНА КАРТА

ФОТОКОПИЈА ОД СООБРАЌАЈНА ДОЗВОЛА

ДОКАЗ ДЕКА ЛИЦЕТО Е ВРАБОТЕНО ВО ПРАВНОТО ЛИЦЕ ( потврда,  М1/М2 образец или Договор за работа )

ФОТОКОПИЈА ОД ТЕКОВНА СОСТОЈБА НА ФИРМАТА.  

3. ПРАВНИ ЛИЦА СО СЕДИШТЕ НА ул.Димитар Влахов и Маршал Тито 

ФОТОКОПИЈА ОД ТЕКОВНА СОСТОЈБА НА ФИРМАТА

ФОТОКОПИЈА ОД СООБРАЌАЈНА ДОЗВОЛА НА ФИРМАТА

ФОТОКОПИЈА ОД Л.К. НА ОДГОВОРНОТО ЛИЦЕ НА ФИРМАТА

ФОТОКОПИЈА ОД ДОГОВОР ЗА ЗАКУП (доколку просторот во кој е сместено правното лице е под закуп ) .

4.ДИСТРИБУТЕРИ ЗА ДОТУР НА СТОКА ВО ПРОДАВНИЦИ, БУТИЦИ, МАРКЕТИ И ДРУГИ ПРОДАЖНИ ОБЈЕКТИ 

ФОТОКОПИЈА ОД ТЕКОВНА СОСТОЈБА НА ФИРМАТА 

ФОТОКОПИЈА ОД СООБРАЌАЈНА ДОЗВОЛА НА ФИРМАТА 

Потребни документи за резервирано паркинг место

ДОКАЗ ЗА РЕГИСТРАЦИЈА СО АДРЕСА НА ПРАВНОТО ЛИЦЕ

ФОТОКОПИЈА ОД ЛИЧНА КАРТА ЗА ФИЗИЧКО ЛИЦЕ

 ИЗЈАВА ЗА СОГЛАСНОСТ НА ПОДНОСИТЕЛОТ НА БАРАЊЕТО ДЕКА САМ ЌЕ ИЗВРШИ ПОСТАВУВАЊЕ НА РАМПА НА ПАРКИНГ МЕСТАТА КОИ ШТО ЌЕ БИДАТ РЕЗЕРВИРАНИ 

ФОТОКОПИЈА ОД СООБРАЌАЈНА ДОЗВОЛА ЗА ВОЗИЛОТО ЗА КОЕ СЕ БАРА РЕЗЕРВАЦИЈА НА ПАРКИНГ МЕСТО .

ЦЕНАТА ЗА ФИЗИЧКИ ЛИЦА-СТАНАРИ И  ФИЗИЧКИ ЛИЦА -ВРАБОТЕНИ ВО ПРАВНО ЛИЦЕ ИЗНЕСУВА 300,00 ДЕН . 

ЦЕНАТА ЗА ПРАВНИ ЛИЦА ИЗНЕСУВА 1.000,00 ДЕН. 

ЦЕНАТА ЗА ДИСТРИБУТЕРИТЕ КОИ ЗАКУПУВААТ ПАРКИНГ ПРОСТОР ИЗНЕСУВА 300,00 ДЕНАРИ ЗА СЕКОЕ ВОЗИЛО.

ЦЕНАТА ЗА РЕЗЕРВИРАНО ПАРКИНГ МЕСТО ИЗНЕСУВА 5.000,00 ДЕН. МЕСЕЧНО ЗА ЕДНО ПАРКИНГ МЕСТО  . 

ПОДНОСИТЕЛИТЕ ЗА МЕСЕЧНА ПОВЛАСТЕНА КАРТА , ДОКОЛКУ САКААТ , МОЖАТ ДА ИЗВРШАТ УПЛАТА НА ПРВИТЕ ТРИ МЕСЕЦИ ЗАЕДНО .  

ЗАИНТЕРЕСИРАНИТЕ ЛИЦА МОЖАТ СВОИТЕ УПЛАТИ ДА ГИ НАПРАВАТ НА СЛЕДНИВЕ ЖИРО СМЕТКИ :

 

3 000 5 000 000 8715  - Комерцијална Банка 

2 000 000 914 08 233 -  Стопанска Банка 

290 2 000 000 98 981 - ТТК Банка 

21 00 404 839 30 162 - Тутунска Банка 

360 146 01 000 2666  - Поштенска Банка 

240 13 000 166 3330  - Уни Банка 

530 150 101 429 237  - Охридска Банка 

380 917 228 702 110  - Прокредит Банка 

280 115 101 482 212  - Алфа Банка 

270 040 4839 301 69  - Халк Банка 

250 023 000 120 482  - Шпаркасе Банка

 

НА УПЛАТНИЦАТА ЗАДОЛЖИТЕЛНО ТРЕБА ДА БИДАТ ВНЕСЕНИ СЛЕДНИТЕ ПОДАТОЦИ :

 ИМЕ И ПРЕЗИМЕ НА НОСИТЕЛИТЕ НА УСЛУГАТА / НАЗИВ НА ПРАВНОТО ЛИЦЕ

РЕГИСТАРСКИ БРОЈ НА ВОЗИЛОТО ЗА КОЈ СЕ ИЗДАВА ПОВЛАСТЕНАТА КАРТА  /  РЕЗЕРВИРАНО МЕСТО  

  ПЕРИОД ЗА КОЈ СЕ ВРШИ УПЛАТАТА . 

ЗАИНТЕРЕСИРАНИТЕ ЛИЦА УПЛАТАТА МОЖАТ ДА ЈА ИЗВРШАТ И ВО НАПЛАТНИОТ ЦЕНТАР НА КЈП ,, ВОДОВОД ,,КОЧАНИ.

БАРАЊЕ-ДОГОВОР ( од овде можете да го симнете образецот за договор со напомена дека потребни ви се 3 примероци од истиот договор).

 

                                                                 КЈП ,, ВОДОВОД ,, КОЧАНИ

                                                                                Директор

                                                                              ----------------------

      ИЗВЕСТУВАЊЕ

Управниот одбор на КЈП,, Водовод,, Кочани со претходна добиена согласнот од Советот на општина Кочани на 12та редовна седница донесе одлука под број 02-340 за зголемување на цената на водата и тоа:

-Единечната цена на водата за м3 за домаќинствата ќе изнесува 35,50денари,а

-Единечната цена на водата за м3 за правни лица ќе изнесува 65,00денари.

На истата седница со претходна согласност Управниот одбор донесе одлука под број 02-341 за зголемување и на цената на канализацијата, и тоа:

-Единечната цена за канализација по м3 вода за домаќинствата ќе изнесува 15,00денари,а

-Единечната цена за канализација по м3 вода за правни лица ќе изнесува 18,00денари.

 Погоре наведените единечни цени ќе почнат да се применуваат од 01.07.2014 година.

 

 

Ве известуваме дека образецот БАРАЊЕ - ПОВЕКЕНАМЕНСКИ ОБРАЗЕЦ кој можете да го добиете во нашата служба можете да го симнете и од нашиот вебсајт со кликнување ОВДЕ. Образецот е DOC формат така што може да биде пополнет и на компјутер. Пополнетиот образец треба да го одштампате и да го потпишете и да го донесете во нашата служба да го предадете.

 

КЈП ВОДОВОД КОЧАНИ 

ОНЛАЈН ПЛАЌАЊЕ СМЕТКИ