РЕ Градско зеленило - општи податоци
РАКОВОДИТЕЛ
Зоран Стоилков
Основни задачи на РЕ “Градско зеленило и Гробишта” се одржување на зеленилото во градот како и планирање на нови зелени површини како и уредување и одржување на православните градски гробишта, погребални услуги и градската капела
РЕ “Градско зеленило и Гробишта” врши и периодично одржување на:
- дел од локалните патишта Мојанци-Грдовци, Грдовци-Прибачево, Прибачево-Оризари и Грдовски Пат.
-на споменикот на слободата (Локубија)
-на патот накај брана Градче со кастрење на вегетацијата од двете страни на патот.
-зелената површина околу споменикот на Никола Карев кај с.Тркање.
Во активностите што ги извршува се вбројува и одржувањето на зелените површини кај станбените комплекси Сиви Дом и Атомски згради, како и одржување на коритото на Оризарска Река.
Во рамките на оваа работна единица функционираат два сектора и тоа:
•Сектор: Уредување и одржување на градско зеленило
•Сектор: Уредување и одржување на православни градски гробишта
Површината на зеленило во Кочанска река е 65000м2. Вкупната површина со градско зеленило која е предмет на одржување на оваа работна единица во градот и околните населени места изнесува:
•Површини под трева----------------------------------------- 115220 м²
•Цветни површини--------------------------------------------- 750 м²
•Зимзелени дрвја---------------------------------------------- 230бр.
•Листопадни дрвја--------------------------------------------- 1680 бр.
•Зимзелени грмушки------------------------------------------ 250 бр
•Листопадни грмушки----------------------------------------- 100бр.
•Живи оград ----------------------------------------------------- 585 м
•Фонтани---------------------------------------------------------- 19 бр.
•Клупи ------------------------------------------------------------- 275бр.
•Алпиниуми------------------------------------------------------ 13 бр.
•Сопствен расадник------------------------------------------ 2000 м²
•Расадно цвеќе ------------------------------------------------ 10000 бр.
Секторот за уредување и одржување на градските православни гробишта е одговорен за простор кој опфаќа вкупна површина од 5 ха. Во рамките на овој сектор припаѓа и работењето на Градската капела со следниот капацитет за работење.
•Во секторот Гробишта има две работни групи:
•Група за одржување - Расчистување на смет, косење на трева, кастрење на дрва
•Група за уредување на градежен дел - Бетонирање гробни места, бетонирање патеки, градежна реконструкција на стари гробни места.
•Паркинг простор од 2000 м²