ПРОЕКТ ОТПАДНИ ВОДИ

ПРОЕКТ ОТПАДНИ ВОДИ

СЕКТОР МЕНАЏМЕНТ

РЕ Биро за развој - најнови информации

Активности од Вториот состанок за Проектот " My Virtual Town "

Во рамките на проектот " My Virtual Town "финансиран со средства од ЕРАЗМУС + програмата во период од 24-25 Јануари во Велење – Рeпублика Словенија се одржа вториот состанок со проектните партнери од Р.Словенија, Р.Македонија и Р. Бугарија .

Состанокот го отвори претставник на ЛУВ со краток вовед за задачите и целта на состанокот. Една од активностите на состанокот беше кратка презентација на предлог за лого на проектот од сите проектни парнери и избор на лого. Исто така беше претставена и нацрт верзија за дизајнот на веб страната за проектот.

Во паралелни сесии работни групи составени од претставници на средните училишта и претставници од МАГА, КСЕНА и КЈП Водовод Кочани работеа на усвојување на материјалите за обука во согласност со различностите во националните образовни програми пред прифаќање на финалната верзија на програмите за обука.

Паралелна сесија 2 членови на заеднички тим на проектот за подготовка на документот работеа за конечно прифаќање на содржината на документот за стратешко партнерство .

Управниот одбор на состанокот направи увид на извршените задачи од паралелните сесии, беа соопштени предизвиците како и организирање на идните проектни активности. Паралелно имаше состанок со лидерите на проектните тимови од секој партнер во проектот и учесниците во заедничкиот проектен тим за активностите за дисеминација .

Вториот состанок заврши со дискусија, заклучоци и определување на понатамошните чекори од страна на претставниците на сите проектни партнери.

05.02.2019  КЈП ,,Водовод,, Кочани

 

20190125 111237   20190125 092312

 

      20190125 092240           20190125 083213

  

 

 

АРХИВА

На ден 28.11.2013 година во Кочани се одржа првата Транснационална конференција за нискотемпературни геотермални ресурси во Југоисточна Европа во склоп на проектот GeoSEE

  

 На конференцијата која е дел од проектот „Искористување на нискотемпературните геотермални ресурси во Југоисточна Европа – GeoSEE“  беа претставени неколку презентации.

Според агендата првата презентација беше на претставникот на  „KSSENA“ од Република Словенија со наслов:Основни информации за „GeoSEE“ проектот.

 

Следуваа презентациите на професор Сања Поповска Василевска претставник на МАГА за Основни податоци на проектните партнери во „GeoSEE“ проектот и преглед на геотермалните потенцијали во земјите на Југоисточна Европа. За потенцијалите на  Геотермалниот Систем,, Геотерма,, презентација одржа претставникот на КЈП Водовод Кочани Љупчо Гаштеовски со наслов:Геотермалните потенцијали на Кочанската Котлина.

Професорот Славе Арменски имаше презентација со наслов: ,,Прелиминарните проектни резултати за пилот локацијата во Кочани. Една од главните теми на оваа конференција е всушност пилот проектот во Општина Кочани за користење на потенцијалот на биомаса во Кочанската котлина кој во комбинација со геотермалната енергија може да се употреби во т.н. хибридни системи за топлификација.

 

Најнов проект на кој работи Бирото за Развој

ЕУ ФОНД: SEE ПРОГРАМА 

Наслов на проектот

Иновативно искористување на нискотемпературните геотермални ресурсиво Југоисточна Европа - GeoSEE

Кликнете на линкот за да го видите документот

ОНЛАЈН ПЛАЌАЊЕ СМЕТКИ