ИЗВЕСТУВАЊЕ
Заради реализација на активности од проектот Кочани -3 финансиран од KFW банката, ги известуваме сите корисници од водоснабдителниот систем Грдовци дека на ден 21.05.2013 год. (Вторник) ќе има прекин во испораката на вода во време од 09:00 до 16:00 часот.
20.05.2013 год.
КЈП,,Водовод,,Кочани
ИЗВЕСТУВАЊЕ
Се известуваат сите корисници на комунални услуги да ги измират своите обврски кон КЈП ,,Водовод,, Кочани во најкраток можен рок, бидејќи во спротивно ќе следува преземање на непопуларните мерки, како што е пуштање на опомени, тужби, постапка пред извршител, како и исклучување од водоводната мрежа.
30.04.2013
Со почит!
КЈП,,Водовод,, Кочани
ИЗВЕСТУВАЊЕ
Апел до граѓаните
Поради зачестеното палење на контењерите и нанесување на штета на истите, а со тоа и ширење на непријатна миризба за околината, надлежните служби од ТППЕ Кочани и КЈП Водовод Кочани апелираат до несовесните граѓани да не фрлаат запаливи материи во контењерите (пепел со жар, отпушоци и др.)
КЈП ,,Водовод,, Кочани
Апел до граѓаните
Поради зачестеното вандалистичко однесување на поедини граѓани во текот на 2012 год., при што имаме масовно уништување на урбана опрема, зеленило и сообраќајни знаци, апелираме до сите овие прекршители дека во согласност со Законот, оваа година према нив ќе бидат преземени ригорозни санкции од страна на надлежните органи.
КЈП,,Водовод,, Кочани
Почитувани граѓани,
Ве известуваме дека образецот БАРАЊЕ - ПОВЕКЕНАМЕНСКИ ОБРАЗЕЦ кој можете да го добиете во нашата служба можете да го симнете и од нашиот вебсајт со кликнување ОВДЕ. Образецот е DOC формат така што може да биде пополнет и на компјутер. Пополнетиот образец треба да го одштампате и да го потпишете и да го донесете во нашата служба да го предадете.
КЈП ВОДОВОД КОЧАНИ
На 24.04.2013година, еден месец пред предвидениот рок, комплетнo и успешно е реализиран Проектот КОЧ-2 ,,Замена на пумпи“ во главната пумпна станица П.С. ,, Грдовски орман“ и Препумпната станица (стар филтер). Заменети се вкупно шест пумпи:
Бараката во централното градско подрачје во која беа сместени вработените од РЕ Геотерма е дислоцирана заради спроведување на новиот урбанистички план. Истата е дислоцирана во пумпната станица во Д. Подлог.
Најнов проект на кој работи Бирото за Развој
ЕУ ФОНД: SEE ПРОГРАМА